петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е целосно неспособна да ја води државата, а ефектите најмногу се гледаат на економски план

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е целосно неспособна да ја води државата, а ефектите најмногу се гледаат на економски план

Република Македонија е единствената држава во регионот која има раст на економијата од 0%, во период кога земјите од цела Европа бележат рапиден раст на нивните економии. СДСМ е целосно неспособна да ја води државата, а ефектите најмногу се гледаат на економски план. Додека ВМРО-ДПМНЕ ја водеше владата во 2016 година, година на политичка криза предизвикана токму од СДСМ економскиот раст изнесуваше 2,9%, сега економскиот раст изнесува 0%, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-СДСМ не може да зборува за успешни политики кога Република Македонија е на последното место во регионот по зголемување на вработеноста, пред нас се Косово, Србија, Албанија и Црна Гора. Градежништвото бележи пад од 20%, пад од 1% бележат бруто инвестициите, а раст на индустриското производство од скромни 2,3%. СДСМ е вистинско цунами за македонската економија. СДСМ ги запре сите капитални инвестиции. Ништо од ветувањата за инфраструктурен бум кој го ветуваа. За првите два месеци од годината нивото на реализирани капитални инвестиции е едвај 3%, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ и се додава:

„Колку им вреди зборот кажува тоа што не можат да го реализираат ниту ветеното во својата изборна програма. СДСМ ветуваше 5% раст, обезбедија 0%. СДСМ ветуваше 30.000 денари платата, а истата е покачена за незначителен процент. СДСМ ветуваше 100.000 денари плата за докторите и наместо да ја покачат ја намалија за 5%. СДСМ ветуваше дека ќе го решат проблемот на 12 илјади стечајци, а повеќе од половина останаа изиграни без никаков надомест. СДСМ спроведува вистински пустош во економијата, епилогот од владеењето на СДСМ е тотална економска стагнација и беда. Граѓаните се разочарани. СДСМ мора да сноси одговорност за манипулирањето со граѓаните.

Коронавирус