сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 35
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ директно удри по џебот на граѓаните, воведувањето на прогресивен данок е најновата погубна политика на власта

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ директно удри по џебот на граѓаните, воведувањето на прогресивен данок е најновата погубна политика на власта

СДСМ директно удри по џебот на граѓаните. Дополнително осиромашување ќе предизвика најновата погубна политика на власта, односно воведувањето на прогресивен данок со покачување на данокот на доход од 10% на 18%, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека покачувањето на даночната стапка најмногу ќе ги погоди младите професионалци од секторите како ИТ технологиите, здравствената заштита и слично, кои ќе добијат мотив плус за да ја напуштат Република Македонија и да ја преместат својата дејност во држави со поповолна даночна политика.

-Невработеноста дополнително ќе се зголеми, но ќе се зголеми и даночната евазија каде голем број субјекти, наместо пријавување на своите приходи ќе се префрлат на полето на сивата економија. Се поголем е бројот на разочарани кои не гледаат никаков просперитет. Економското цунами Заев-Тевдовски-Анѓушев го задолжија секое семејство во Република Македонија со нови 1.200 евра, а граѓаните не видоа никакво фајде од милионите кои си ги подигна СДСМ на грбот на државата. Тоа е резултат на фактот дека Македонија е единствена земја во Европа што ја води премиер обвинет за корупција за кого јавно во суд се даваат искази како барал мито од едно евро за него, евро за партијата и евро за црквата од метар квадратен, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ваквата катастрофа, велат од партијата, власта ја покрива со нарачан политички прогон врз секој што мисли поинаку. Затоа патриоти и докажани професионалци од МВР беа вратени во притвор за 24 часа откако беа ослободени. Срамот на Заев и СДСМ го покрива политичкото обвинителство и судот.

-Нечовечки е без никаква основа професионалците и патриотите да бидат фрлени во притвор само за да се задоволат нечии желби. Срамно е нивните семејства да се трауматизираат само за да се задоволи нечија желба за одмазда. Недолично е да се игнорира одлуката на Врховниот суд и следниот ден да се постапи спротивно на неа. Судот мора да се ослободи од притисокот и да ги уважи жалбите на притворените. Македонија не смее да биде заробена држава, се нагласува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус