понеделник, 28. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да се извини за антисемитските напади врз Мизрахи, скандалозно е што владини советници поддржуваат говор на омраза

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да се извини за антисемитските напади врз Мизрахи, скандалозно е што владини советници поддржуваат говор на омраза

ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува антисемитските напади инструирани од СДСМ врз првата министерка во Република Македонија со еврејско потекло Рашела Мизрахи.

-Ваквиот говор на омраза и нападите на СДСМ покажуваат дека деспотот Заев губи контрола и истите се последица на поразот кој им престои. Нападите и личната дисфалификација и припадност се круната на недемократското владеење на Заев кој паѓа. Секој ден за Заев е борба за да си го заштити криминалот. Тоа што владините советници на Заев поддржуваат антисемитизам е доказ за антиевропската влада на Заев, стои во партиското соопштение и се додава:

„Бараме СДСМ јавно да се огради, да ги осуди и да се извини за антисемитските напади врз Рашела Мизрахи и стимулирањето на политика на поделби. Ваквиот говор на омраза не враќа на почетокот на 20 век, наместо да не носи кон европските стандарди и правила“.

Коронавирус