среда, 22. мај 2019. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да не се фали со имагинарни инвестиции и измислени бројки, туку конечно да работи

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да не се фали со имагинарни инвестиции и измислени бројки, туку конечно да работи

 

Заев, Анѓушев и нивната „ќе“ влада и прават ненадоместливи штети на македонската економија. Додека целиот регион и цела Европа бележат раст на економиите, следејќи го глобалниот тренд, расипничкиот картел на власт ја уназадува државата и ги осиромашува граѓаните. Владата на Заев не знае како да се справи со предизвиците и проблемите во економијата, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во партиското соопштение велат дека Зоран Заев и Кочо Анѓушев немаат проблем само со лажењето, туку и со видот.

-Тие се единствените двајца што виделе инвестиции во земјава. Никој друг не ги видел ни Гугл, ни Фејсбук, ни која било светска компанија да дојде и да инвестира во Македонија, иако Заев лажеше дека само што не почнале со работа. Впрочем, една фабрика да отвореа ќе ги преплавеа медиумите и социјалните мрежи со чочеци, како што го прославија отворањето на тунелот изграден во време на ВМРО-ДПМНЕ. Фактите друго говорат. Економската клима се влошува, а странските инвеститори се повеќе размислуваат да си заминуваат од Македонија. Добро е СДСМ наместо да се фалат со имагинарни инвестиции и со измислени бројки, конечно да се обидат нешто да работат. СДСМ единствено може да се пофали во првиот квартал на 2018 година со 300 милиони евра нови задолжувања кои паѓаат директно на грбот на граѓаните и во иднина ќе ги враќаат граѓаните. Психолошката граница од 5 милијарди евра јавен долг веќе одамна ја поминаа уште во првата година од владеењето, а проекти нема. Нема капитални инвестиции, нема покачување и раст на економските параметри, нема повисоки плати и пензии, нема задоволни стопанственици, велат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ посочува дека картелот на власт за само една година успеаја да ја урнисаат целата економија.

-Македонската економија е во алармантна состојба, текстилниот сектор е пред колапс, градежништвото во слободен пад, земјоделието на колена, металургијата во изумирање, рударството се пакува. Резултатите на ВМРО-ДПМНЕ изминатите 12 години се евидентни и граѓаните се задоволни од економските мерки и проекти. Отворени се над 170.000 нови работни места и огромен број на странски компании. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, сегашниот Премиер, а тогашен Градоначалник на Струмица ги бркаше инвеститорите и ја срамеше државата. Вчера граѓаните му порачаа на Анѓушев дека избори се неопходни за стабилизирање на економијата, бидејќи очигледно е дека картелот на власт не знае да ја води државата. Граѓаните вчера покажаа колку се незадоволни од актуелната ситуација во државата.  Време е картелот на власт да падне, се заклучува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.