сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да ги прифати амандманите на ВМРО-ДПМНЕ со цел трајно намалување на ДДВ – то за струја од 18% на 5%

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да ги прифати амандманите на ВМРО-ДПМНЕ со цел трајно намалување на ДДВ – то за струја од 18% на 5%

СДСМ манипулира со намалувањето на ДДВ – то за струја од 18% на 5%, мерка која е планирана да трае една година. Наместо половични решенија, а имајќи ги во предвид се полошите економски услови на граѓаните и инфлацијата, ВМРО-ДПМНЕ предлага намалувањето на ДДВ – то за струјата од 18% на 5% да биде од траен карактер, а не 1 година како што предлага СДСМ, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните ќе бидат погодени од зголемувањето на цената на струјата и едногодишно намалување на ДДВ нема да им помогне многу, затоа што веќе од догодина ќе го почувствуваат ударот на поскапувањето.

Дополнително мерката треба да важи и за компаниите, односно за индустријата, а не само за домаќинствата. СДСМ ја доведе целата држава во егзистенцијална криза и затоа мерките мора да бидат општи и инклузивни за сите.

ВМРО-ДПМНЕ апелира амандманите на ВМРО-ДПМНЕ во насока на трајно намалување на ДДВ – то за струја од 18% на 5% да бидат прифатени, бидејќи тоа е од интерес на граѓаните.

Време е за Македонија за сите луѓе!, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус