понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 129
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Само политичари без чест и морал се луксузираат на сметка на сопствениот народ во време на криза, расипништвото на СДСМ мора да запре

ВМРО-ДПМНЕ: Само политичари без чест и морал се луксузираат на сметка на сопствениот народ во време на криза, расипништвото на СДСМ мора да запре

Освен морска храна, Владата направила набавка на скапи пијалоци во екот на епидемија со корона. Додека граѓаните и стопанството едвај врзуваат крај со крај, за владата на СДСМ не постои криза, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

-Тие парите ги трошат за набавка на 2 тони сортно вино, 45 литри бурбон виски, 90 литри шкотско виски, 30 литри шампањ и вотка. Ова го набавуваат како продолжеток на досегашните милионски набавки на школки, шкампи, лигњи, октоподи и друга морска храна, но и апетисани, фстаци, лешници и бадеми.
Лицемерите од СДСМ бараат граѓаните да донираат пари, а владата потоа набавува скапа храна и пијалоци за себе. Македонија поради нивната неспособност и неодговорност е рекордер во регионот по смртност од корона вирусот, а здравствените работници немаат доволно маски, ракавици и медицинска опрема, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека во првите 3 месеци од оваа година веќе имаат создадено долг од нови 120 милиони евра, односно 250 евра за секое семејство.

Стопанските субјекти се затвораат, а илјадници работници останаа без егзистенција, но важно власта на Заев набавила октоподи, бурбони, фстаци и лигњи за себе. Секој денар во справувањето со економската и здравствената криза е неопходен и затоа мора веднаш да ја откажат оваа набавка, за да може средствата да завршат онаму кај што е најнеопходно, во здравството и стопанството, стои во соопштението.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија