вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 118
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Само кучето на Заев вреди колку три апанажи на Трипуновски

ВМРО-ДПМНЕ: Само кучето на Заев вреди колку три апанажи на Трипуновски

На СДСМ, Заев и Николовски не им одговара кога некој ги изнесува нивните криминали во јавноста.
Поради тоа што Цветан Трипуновски ги обелодени нивните криминали во земјоделието, владата на СДСМ го остави Трипуновски без работа како родител на две деца. Апанажата која ја побарал тој е негово законско право, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

-Наместо СДСМ да се занимава со законската апанажа на Трипуновски кого го избрка СДСМ од работа, да се занимава со мафијата на Заев која краде од народот. Без никаков срам во ек на пандемија кога над 40 00 граѓани останаа без работа државна помош добија само фирмите на Заеви и Нина Ангеловска.
Наместо СДСМ и Заев да водат лажна грижа, Заев нека се сети кога тој земаше апанажа како се луксизираше на грбот на граѓаните купувајќи си скапи миленичиња. Заев не се бори против криминалот, Заев го прави криминалот. Заев не е решение на проблемот, Заев е проблемот, велат од партијата.

Коронавирус