среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 155
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Русковска четири месеци кова план како да го амнестира Заев

ВМРО-ДПМНЕ: Русковска четири месеци кова план како да го амнестира Заев

Четири месеци откако е пријавен случајот со милионскиот рекет, ЈО единствено што прави е обид да ја убеди јавноста дека Боки 13 бил толку моќен што сам ја вовлекол Катица Јанева и рекетирал бизнисмени, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Четири месеци, Русковска ја влече јавноста за нос оставајќи можност да се избришат сите траги кон политичарите и главата на рекетарскиот октопод. Четири месеци ЈО нема мрднато од мртва точка во истрагата. Вилма Русковска четири месеци кова план како да го амнестира Зоран Заев, кој е спомнат од страна на жртвата во случајот како човек кој ги предупредил директните извршители Боки Тредичи и Зоки Кичеец. Што крие Русковска и дали со нејзиното неделување, отвора шанса лица кои се уште не се опфатени со случајот да влијаат врз сведоци и да уништуваат докази, но и да се впуштат во бегство, прашуваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека Вилма Русковска и ЈО целосно ја компромитираа истрагата за Рекет.

-Со секој поминат ден неделување на граѓаните им станува јасно дека се прави излезна варијанта за Заев и власта. Ефикасна правна разрешница во случајот Рекет со Заев на власт не е можна. Потребни се брзи предвремени парламентарни избори час поскоро. Потребна е обнова на Македонија, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести

Коронавирус