вторник, 7. декември 2021. Вести денес: 97
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Розевите очила на Заев треба да ги симне – Македонија на дното во Европа!

ВМРО-ДПМНЕ: Розевите очила на Заев треба да ги симне – Македонија на дното во Европа!

Бизнисот и населението во Македонија немаат доверба во економските политики на државата. Розевите очила на Заев треба да ги симне. Економското расположение во Македонија во март 2021 година е најниско во Европа. Тоа го покажуваат податоците од индикаторот за економско расположение (ESI – economic sentiment indicator) којшто го изработува Генералниот директорат за економски и финансиски прашања на Европската комисија, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Неговата цел е да го следи растот на БДП на земјите-членки, на ниво на ЕУ и еврозоната, и на земјите кандидат – членки. ESI е пондериран просек на салдото на одговори на избрани прашања упатени до фирми во пет сектори опфатени со Анкетите за деловно работење и Анкетите на потрошувачи. Опфатените сектори се индустрија (пондер 40%), услуги (30%), потрошувачи (20%), трговија на мало (5%) и градежништво (5%). Индикаторот е скалиран на долгорочна средина од 100 и стандардна девијација од 10. Вредностите над 100 укажуваат на натпросечно економско расположение и обратно. Податоците се сезонски прилагодени, стои во соопштението.

Според индикаторот, ударот на кризата во март и април 2020 година врз економското расположение на бизнисот и населението беше најголем во Македонија од сите земји во Европа. Исто така, на дното на индикаторот сме во однос на тоа како се враќа довербата во економијата. Од април 2020 година до март 2021 година вратена е само 60% од економската доверба. Ова јасно укажува на неуспешни економски политики од страна на Владата кои не можат да креираат околина за заживување на економијата. Фијаското во здравствената и економската политика од почетокот на кризата испаднаа на површина!, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус