вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 167
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Република Македонија нема потреба од нов Заев, Стево и Зоран се исти!

ВМРО-ДПМНЕ: Република Македонија нема потреба од нов Заев, Стево и Зоран се исти!

Стево Пендаровски и Зоран Заев се исти 102.5%. Зоран Заев ветуваше дека се додека дише нема да го промени уставното име на државата. Зоран Заев го промени името на државата. Зоран Заев излажа. И Стево како и Заев лаже, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Секое ветување на Стево Пендаровски е лага. Исто како што и секое ветување на Зоран Заев пред избори гледаме дека е лага. Во интервју за бугарска телевизија само неколку недели пред да го смени името, Заев  кажуваше колку е понижување доколку би требало да го смениме името и за внатрешна употреба, па и на владата да го пишува новото име. Зоран Заев само неколку недели подоцна го промени името и за  внатрешна употреба. Зоран Заев излажа. Стево Пендаровски е 102.5% ист како Зоран Заев и тој лаже како Заев.  Зоран Заев јавно ветуваше и се колнеше, за по само неколку месеци да направи се спротивно на тоа што првично го ветуваше, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата порачуваат дека Република Македонија нема потреба од нов Зоран Заев.

-Република Македонија има потреба од чест и работлив претседател, кој ќе води сметка за државните и национални интереси. Република Македонија има потреба од претседател како Гордана  Силјановска  Давкова, која држи до својот  став,  и стои на линија на македонските државни и национални интереси, велат од партијата.

Коронавирус