недела, 21. октомври 2018. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Република Македонија нема иднина со криминалниот картел на СДСМ на власт

ВМРО-ДПМНЕ: Република Македонија нема иднина со криминалниот картел на СДСМ на власт

Република Македонија нема иднина со криминалниот картел на СДСМ на власт. Иднината што ја понуди СДСМ под превезот на „животот” е иднина само за функционерите на СДСМ и нивните блиски кои секојдневно се вмешани во криминал и корупција. Тоа всушност е нотирано и во извештајот на ГРЕКО, а за жал го виде целиот свет, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека иднината што ја понуди СДСМ е полна со „Криминални иновации”, „Крвави тендери”, крв по улиците и небезбедно општество за граѓаните.

-Наместо европско здравство, тие понудија криминални скандали и тендери каде што министерот дели тендери на анонимни фирми и деца, директори делат тендери на своите родители, а смртта кај новороденчињата расте. Начинот на владеење на СДСМ е претурање на парите на граѓаните од државната каса во џебовите на нивните вицепремиери, пратеници, партиски членови. Начинот на владеење на СДСМ е хедонизам каде што децата на функционерите одат со службени џипови по одмори, се трошат пари за скапи ручеци и се превезуваат со хеликоптери. Наместо безбедност на улиците, СДСМ понудија криминал на секој чекор, ослободија над 850 осудени затвореници и ниту едно расчистено убиство откако се на власт, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека наместо иднина за стопанството, СДСМ понудија милионски задолжувања, катастрофална економија и некомпетентни политики кои ги осиромашија граѓаните и фирмите.

-СДСМ не ја носи Република Македонија во ЕУ и НАТО, туку носи штетен договор со кој се брише се македонско. Република Македонија не доби покана за ЕУ, доби условена покана за НАТО, единствено доби власт која е најкорумпирана до сега и која ја носи Република Македонија во пропаст. СДСМ ја потонаа Република Македонија во криминал до гуша, корупција на секој чекор и целата штета од ова владеење на криминалниот картел на власт ја трпат граѓаните. Со СДСМ, Зоран Заев и неговите луѓе нема иднина за Република Македонија, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.