среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Република Македонија е заробена држава, правосудството се претвори во испостава на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: Република Македонија е заробена држава, правосудството се претвори во испостава на СДСМ

Република Македонија е заробена држава. Институциите не се во служба на граѓаните, туку на владејачката структура. Демократијата е суспендирана, а правото девалвирано, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека државата тоне на индексот на корупција на Транспаренси. Правосудството се претвори во испостава на СДСМ. Одлуките не се носат по закон, туку по партиски диктат.

-Правната несигурност и корупцијата донесоа економска стагнација. Република Македонија стагнира во услови кога земјите од регионот и Европа имаат раст. Економијата минатата година остана забетонирана на нула. Нема раст, нема подобар живот. Секој ден со СДСМ на власт е се полош и полош. СДСМ ги задолжи државата и граѓаните за 1.6 милијарди евра за 10 месеци. Нула инвестиции. Покачување на давачките. Ова ја зголеми несигурноста кај граѓаните. Општеството е во апатија. Граѓаните не се чувствуваат сигурно. СДСМ катастрофално ја води државата. Свесни за бездната кон која ја туркаат Република Македонија, а слепо водени од желбата за власт се злоупотребуваат институциите, законите се само мртво слово на хартија, а судството нем извршител на наредбите од партиската врхушка, се вели во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека десетици лекари, полицајци, уметници и истакнати граѓани со месеци неосновано се малтретираат низ затвори и судови само затоа што не постапувале согласно антидржавните политики на Заев.

-Десетиците политички жртви се средство за дефокус на власта од катастрофално лошите политики. Економската стагнација и општествената апатија. Правосудните органи паднаа на тестот за независност. Цела Европа и целиот демократски свет видоа дека во Република Македонија нема независно и непристрасно судство, туку судство под контрола на власта. Дејствијата  на правосудните органи во врска со настаните од 27-ми април се темна страница на македонското правосудство. Овие дејствија ќе бидат проучувани низ светот како начин на политичка конструкција на судски процес и ќе бидат срам за цела една генерација Македонци, се наведува во соопштението.

Овој терор мора да запре, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, а државата мора да стави крај на незаконието. СДСМ не може да обезбеди праведност. СДСМ е креатор на неправедноста. Граѓаните заслужуваат правна држава, со цврсти принципи. Граѓаните заслужуваат подобро.

Коронавирус