петок, 18. септември 2020. Вести денес: 118
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Рекетираните торби со пари тешки милиони евра се единствената реализација на власта

ВМРО-ДПМНЕ: Рекетираните торби со пари тешки милиони евра се единствената реализација на власта

Единствено што власта реализираше овие три години се рекетираните торби со пари тешки милиони евра. Злоупотреби  на службена положба, мито и корупција, помагање и прикривање на криминалот со импровизирани истраги, обвинители и судии во служба на владата, се ликот и делото на оваа влада, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека прашањата кој од владата му прати порака на Бојан Јовановски и во чии раце завршија милионските суми од рекетот, се оние за коишто се чини не смее никој да одговори.

Власта се обидува да заташкува кои други функционери биле вклучени во криминалната мрежа за случајот -„Рекет“. Со десетиците коруптивни и криминални случаи, Македонија стана мафијашка држава каде владеат рекетарите и криминалците. Никој не сака да живее во држава каде нема никаква сигурност, а правдата е недостижна. Русковска одби да затропа на вратата на Илинденска иако таму се наоѓа главата на криминалниот октопод, па за да ги заштити  функционерите на власт ја затвори истрагата. Пет месеци поминаа, а јавноста сеуште се прашува каде е торбата Луј Витон и службената белешка којашто требаше да ја приложи Заев? Празната реторика и лажната желба за реформи во судството се одлика на оваа крими влада, стои во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека на планот за животот со рекет му доаѓа крај. Заев да не бега од избори туку да се соочи со одговорност пред граѓаните. Правдата ќе ја стигне оваа криминална власт на 12-ти април.

Коронавирус