вторник, 2. јуни 2020. Вести денес: 111
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Реалноста е неподнослива за обичните граѓани

ВМРО-ДПМНЕ: Реалноста е неподнослива за обичните граѓани

Граѓаните на Република Македонија се соочуваат со економска и здравствена криза. Граѓаните додека се загрижени за својата иднина, СДСМ преку бледи соопштенија се фали со своите „успеси“, раагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Нашите сограѓани додека ги губат работните места, бизнисите на стопанствениците пропаѓаат, граѓаните го губат парчето леб, СДСМ води евтин ПР. Реалноста е далеку поразлична од онаа на СДСМ која што ја претставува. Реалноста е дека граѓани на Република Македонија денес се чувствуваат понижени и обесправени, со огромна потреба од промени за стабилна иднина и реформи. Граѓаните бараат да се намали стапката на криминалот, корупција и конечно да има воспоставување на политика на принципи и вредности. ВМРО-ДПМНЕ како партија чиј фундамент е слободата, правдата и принципите ќе продолжи да работи и да се бори за подобра иднина на Република Македонија, порачуваат од партијата.

Коронавирус