петок, 18. септември 2020. Вести денес: 166
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ размислува да поднесе иницијатива до Уставниот суд за одлуката на Пендаровски со која мандатот му го додели на Заев

ВМРО-ДПМНЕ размислува да поднесе иницијатива до Уставниот суд за одлуката на Пендаровски со која мандатот му го додели на Заев

ВМРО ДПМНЕ размислува да поднесе иницијатива до Уставниот суд за преиспитување на одлуката со која Претседателот Стево Пендаровски го додели мандатот на Зоран Заев.

Од ВМРО ДПМНЕ брифираат дека постои сериозна повреда на Уставот бидејќи мандатот е доделен без доказ за поседување на парламентарно мнозинство. Мандатот е узурпиран во овој момент од пратеникот Зоран Заев кој нема мнозинство, а чекорот со кој Пендаровски направи повреда на Уставот е за купување на време, за давање на простор за непринципиелно купување на пратеници.

Кога уставот е повреден Уставниот суд е должен да го заштити и од тој аспект веќе сериозно се разгледува опцијата за преставка до Уставниот суд за таквата одлука на Пендаровски. Веќе правниците од партијата започнале со пишување на преставката.

Коронавирус