недела, 9. мај 2021. Вести денес: 88
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Рашковски како и Ден Дончев и Лидија Димова поднесоа оставка, ама потребна е одговорност и судска разврска за нивните скандали

ВМРО-ДПМНЕ: Рашковски како и Ден Дончев и Лидија Димова поднесоа оставка, ама потребна е одговорност и судска разврска за нивните скандали

Изнудената оставка на Рашковски пропратена со арогантен напад на јавноста не е преземање на одговорност, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Драги Рашковски има и тоа колку многу причини да одговара, почнувајќи од скандалот Леонардо, преку САРХЕМС, па до најновиот скандал со набавката на софтверот на МВР, но и за непријавениот имот, џип и хациенда. Но ако мислат Рашковски и неговиот шеф Зоран Заев дека со оставката ќе ги покријат милионските скандали, се лажат. Зоран Заев очигледно сака своите соработници кои се до гуша заглавени во криминали и корупција да ги спасува само со оставки. Така беше случајот со ден Дончев и Лидија Димова, така е и сега со случајот на Драги Рашковски, истакнуваат од опозицијата.

Овие милионски скандали не се покриваат со оставка, потребана е одговорност и судска разврска, додаваат од таму.

Коронавирус