вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Проектот за персонални асистенти со кој Царoвска денеска се пофали е проект на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Проектот за персонални асистенти со кој Царoвска денеска се пофали е проект на ВМРО-ДПМНЕ

Проектот за персонални асистенти со кој Мила Царoвска денеска се пофали е проект на ВМРО-ДПМНЕ. Стартот на овој проект беше во 2015 година и според планот на владата на ВМРО-ДПМНЕ досега ќе беше заокружен, т.е.веќе ќе функционираше, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на министерката Мила Царовска.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека начинот на кој СДСМ го регулира е само отворање пат за партиски вработувања, наместо да се користат капацитетите на министерството за труд и социјална политика.

-Царовска е неспособна и не работи во корист на граѓаните. За ова говорат пропустите на Царовска и владата предводена од СДСМ. Пропусти има речиси секојдневно, секојдневно има вести за малтретирани деца, нивна злоупотреба. Сето ова е доказ за негрижата, и нефункционирањето на системот на социјална заштита. Но, граѓаните ги гледаат пропустите, и тоа во сите области. Граѓаните на избори ќе кажат не за овие политики кои ги спроведуваа оваа влада предводена од СДСМ. Доколку ВМРО-ДПМНЕ беше на власт наместо СДСМ, овој проект досега ќе го спроведеше, и истиот немаше да доцни како што е случајот сега. Сертификатите на персоналните асистените ќе беа одамна доделени и истите веќе ќе работеа на терен, односно ќе им помагаа на лицата со попреченост на возраст над 18 години, стои во соопштението.

Од партијата посочуваат дека СДСМ не се грижи за граѓаните. СДСМ не работи за граѓаните. Оваа ненародна власт мора да си замине. Република Македонија заслужува подобро.

Најнови вести

Коронавирус