понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 154
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Проектот викенд без ДДВ не е истиот тој кој Заев го ветуваше пред избори, лага давана на лажичка

ВМРО-ДПМНЕ: Проектот викенд без ДДВ не е истиот тој кој Заев го ветуваше пред избори, лага давана на лажичка

Четвртиот пакет на мерки на мафијата на власт е задоцнет и нема да одговори соодветно на потребите на македонската економија и граѓаните и истиот ќе ја продлабочи тешката состојба во државата.Зоран Заев пред изборите бомбастично најавуваше викенд без ДДВ. Тогашните лаги на Заев беа дека во септември месец, секој викенд граѓаните ќе го користат купувајќи, а при тоа ќе биде одземена сумата која што ќе ја платат како данок на додадена вредност. Септември месец помина, а денеска гледаме како на лажичка повторно на граѓаните им ветува дека тоа всушност нема да бидат четири викенди, туку тоа ќе биде еден викенд и тоа во месец октомври, продолжениот викенд помеѓу 10 и 12-ти октомври и нема тоа да биде без ограничувања како што тоа беше ветувано пред избори, туку тоа ќе биде со ограничување од 30.000 денари, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

-Нема да биде намалена цената која што ќе платат, туку тие ќе го финансираат данокот на додадена вредност, потоа тие ќе ја скенираат фискалната сметка и доколку сумата не надминува 30.000 денари тогаш ќе чекаат од страна на министерството за финансии да им го врати данокот на додадена вредност, потенцираат тие.

-Лажното ветување дадено од Зоран Заев пред избори кое беше помпезно најавено и во третиот сет на таканаречените мерки од страна на Владата за помош за македонските граѓани и македонската економија, а тоа е околу 31 милион евра евтини кредити со субвенционирана каматна стапка од страна на Владата и 30% грант за компании управувани од жени кои вработуваат млади луѓе извозно ориентирани, исто така требаше да се реализира почнувајќи од месец септември, но месец септември помина од оваа мерка ни трага ни глас, велат од партијата.

-Резултатите од ваквите погрешни политики и лажни ветувања се, историски пад на индустриското производство и извозот, пад на економската активност во вториот квартал, зголемување на јавниот долг за повеќе од една милијарда евра за само еден квартал, раст на невработеноста од 40.000 лица со најава за дополнителни масовни отпуштања, тотален колапс на туризмот и многу затворени бизниси во државата, заклучуваат ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус