среда, 23. јуни 2021. Вести денес: 140
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Пристапот на Шахпаска е несериозен, да се земат најдобрите светски искуства и да се применат

ВМРО-ДПМНЕ: Пристапот на Шахпаска е несериозен, да се земат најдобрите светски  искуства и да се применат

Се донесе нов Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство кој е темел, основа во борбата против насилството. Но, министерката исто така ја нагласи и потребата од надминување на стереотипите и предрасудите како и линчот што и се прави на жената како резултат на нејзината традиционално подредена улога во семејството. ,,Добро утро,, на Шахпаска за запознавањето со феноменот на семејно насилство и носење на Закон кој наместо превентивен и инклузивен, има длабоко родово, кон жената нагласена сензитивност што може дополнително да ја потенцира и зајакне дискриминацијата, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Ќе постапувале мултисекторски, институционално, ќе пријавувал секој кој е сведок на насилството….. и слично… Препишано!! Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство се донесе 17.09.2014 година, претрпуваше измени и дополнувања за негово осовременување. После точно 6 години, ,,првата дама,, на МТСП задолжена за оваа проблематика, кажува дека воведуваат нови постапувања и соопштува како нешто ново и значајно. Министерке да си ги читате и проверувате законите, и да си го запознаете системот!! Законите не ги решаваат сами по себе проблемите туку нивната имплементација! Требаше да проверите барем како тоа до сега се работело!? Сметаме дека насилството е еден од најпроучуваните феномени во светски рамки и сеуште не до крај со можност за спречување. Овој пристап е несериозен и нецелисходен. Да се земат позитивни светски искуства и да се преработат за имплементација. На голема врата најавувавте и зборувавте за плурализација на услугите и за нивна децентрализација. Тука не само што не го гледаме тоа туку може да видиме монополизација од страна на државните институции врз понудените решенија. Еве да прашаме во контекст на членот 39 – како некој корисник од мало место кој направил семејно насилство и во континуитет го повторувал ќе се јави во советувалиште во Скопје или најблискиот град кaде има вакви советувалишта a истиот е невработен и е татко на пет деца? Право на корисникот е да си избере каде ќе го работи третманот. Должност на држаавата е тоа да го обезбеди согласно ризикот и социјалниот статус на оној кој се пројавил со такво однесување. За да стимулираме квалитетни и конкурентни услуги тие мора да бидат транспарентни и професионални. Да се обврзат оние кои ќе работат третмани да следат и на крај од третманот дадат официјален извештај а во меѓувреме да соработуваат со меснонадлежниот ЦСР и на месечно ниво да проценуваат и известуваат. Зошто е ова потребно? За да може одлуките за видувањата онаму каде има малолетни деца да ги изготви ЦСР во најдобар интерес на децата. Без сериозен пристап кон насилникот оставаме можност моделот на однесување да остане ист и да се повтори. Во однос на санкциите онаму каде ќе се изречат? Каде ја развивте постпеналната заштита и што со овие луѓе кои како постпенален третман добиваат само еднократна помош или ништо по издржаната санкција. Сметате ли дека тоа е доволно за да разговараме за реинтеграција и инклузија на овие личности или во ред е да се пасивизираат со минимум социјална парична помош и да станат како најчесто бива повторници. Имате ли анализа колку такви случаи има, колку коштаат? Има ли човечкиот живот во Македонија цена на социјална помош или е потребно тоа да се менува? Многу помала е цената на превенирањето отколку на лекувањето, на соодветен третман наместо лоша противуслуга. Ние сметаме дека овој член потребно е да се менува и да се даде шанса на позитивните капацитети во секоја единка со еднаков пристап и развиен систем на услуги но со јасни законски решенија кои подразбираат осовременување, истакнуваат од опозицијата.

Од името на жените во Македонија ви благодариме на дуплата стигматизација, но ние жените во Македонија не сме линчувани, проверете си ги податоците и зошто таков впечаток имате. Овој Закон треба и мора да има еднаков пристап и подеднаква заштита и третман за сите и жени и мажи и деца. Значи сите граѓани да се чувствуваат еднакви пред законот и можностите за заштита, додаваат од таму.

ЕУРО 2020

Македонија