недела, 13. јуни 2021. Вести денес: 94
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Пријателскиот гест на Србија, пораз за Филипче кој дозволува да му умираат до 40-тина лица дневно само од корона

ВМРО-ДПМНЕ: Пријателскиот гест на Србија, пораз за Филипче кој дозволува да му умираат до 40-тина лица дневно само од корона

Венко Филипче вели дека тоа што граѓаните заминале на вакцинирање во Србија е пријателски гест на соседна Србија, ова денеска преку реакција до јавноста по изјавата во Дневникот на Сител на Венко Филипче го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Да, Филипче, тоа е пријателски гест, ама е голем срам за тебе, за владата предводена од Заев. Сите тие граѓани кои заминуваат на вакцинација во Србија, плаќаат даноци во Македонија, плаќаат здравстевно осигурување, а поради неспособноста на Филипче и Заев се приморани да патуваат за вакцина. И во ваква ситуација, Филипче се дрзнува да каже дека ова сега се е под контрола иако бројката на починати се движи кон четири илјади. Се шета по телевизии и вели следната недела ќе биде критична, а во меѓувреме не прави ништо, велат од партијата.

Во реакцијата стој дека ама иако вели дека следната недела може да биде критична сепак попис можел да се спроведе.

-А, тоа што опозицијата изразува незадоволство и протест од лошата ситуација не било во ред, ама во ред беше кога минатата недела тој и неговите партиски пријатели се шетаа, се сликаа и гласаа за единствениот кандидат за претседател на нивната партија. Само кога Филипче и Заев ќе си заминат граѓаните ќе видат што е грижа за нив! А Филипче и Заев ќе одговараат за оваа катастрофа која им ја приредија на граѓаните!, стои во нивната реакција до јавноста.

ЕУРО 2020

Македонија