среда, 23. октомври 2019. Вести денес: 77
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ презентираше модерен лик во Битола

ВМРО-ДПМНЕ презентираше модерен лик во Битола

На денешниот протестен марш како и 28 годишнината на партијата во Битола ВМРО-ДПМНЕ демонстрираше нов визуелен лик.

Новиот визуелен идентитет на ВМРО-ДПМНЕ се базира на еден основен графички мотив –модерна интерпретација на високо подигнати и гордо развиорени знамиња.

Високо кренатото и развиорено знаме со националната црвена боја ја симболизира нивната поврзаност и оддавање чест кон сите оние кои во различни историски периоди се бореле за национална слобода и човечки правдини.

Црвеното знаме е поддржано со уште две знамиња во графичката композиција и тоа со жолта и црна боја: црната – за да создаде приказ на партиското знаме на ВМРО-ДПМНЕ и жолтата – за да ја создаде државната комбинација на бои заедно со црвената. Развиорените бајраци се поставени на речиси бела позадина за да се истакне нивното значење и појавност.

Модерниот дух на ВМРО-ДПМНЕ

Покрај освежување на имиџот на партијата, новиот визуелен изглед на ВМРО-ДПМНЕ треба да испрати и многу важни пораки во јавноста.

Прво и најважно, дека идеалите на кои се заснова партијата имаат безвременски квалитет и тие се релевантни и денес, исто како што биле релевантни низ историјата.

Бездруго, задача на партијата е да ги одржува тие идеали во живот и да ги пренесува од генерација на генерација, затоа што тие идеали се пред се систем на човечки вредности и автохтони македонски политички гледишта.

Второ, да испрати јасна порака дека тие вредности и тоа како имаат место во модерното време и кај современите индивидуи, затоа што се вредности кои создаваат среќни луѓе, силни семејства и силна нација.

И конечно, да се зацврсти позицијата на ВМРО-ДПМНЕ како прогресивна партија, и мотор за развој и напредок на македонската држава, тоа што фактички од секогаш и била.