сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 98
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Прес-конференцијата на Царовска со 98,6% лаги

ВМРО-ДПМНЕ: Прес-конференцијата на Царовска со 98,6% лаги

ВМРО-ДПМНЕ испрати реакција за наводите изнесени од Мила Царовска за Оперативниот план за вработување.

Во продолжение следува интегрален текст од нивното соопштение

Прес конференција со 98,6% лаги.

Прес конференцијата за реализација на Оперативен план за вработување за 2019 година е доказ и потврда за хаосот кој го создадоа Мила Царовска и луѓето околу неа.

Сите постапки започнати од 2018 година а поврзани со активните мерки и политики за вработување се без вистинска анализа на пазарот на труд, без консултации со работодавците, без анализа на индивидуалните планови за вработување на невработените лица и нивно профилирање, без сериозен пристап при димензионирање на мерките, без календар за реализација на Оперативниот план за вработување и без обука за вработените за имплементација на Оперативниот план односно нејасни и неприменливи оперативни упатства.

Агенцијата за вработување и МТСП, наместо да бидат мост помеѓу  понудата и побарувачката, тие го зголемија јазот и со нивната нестручност, импровизација и политиканство, мотивираа многу граѓани да побегнат од Македонија а за жал поголемиот број од нив се млади.

Имено, Оперативниот план за 2018 година, Владата го изгласа на 28.02.2018, првиот оглас се објави дури на 15.03.2018 година, додека првите договори со невработени лица се потпишаа втората половина на месец мај. Пропуштивте да им понудите помош на невработените и работодавците во првиот квартал од 2018 година додека во последните два квартали од 2018 година, немате скоро никаква понуда на активни мерки за вработување.

Во 2019 година е поразителна исто така, еден месец порано го донесовте Оперативниот план но затоа сите огласи започнаа и завршија во еден месец, три пати го ревидиравте планот заради “доброто” планирање, првите договори за самовработувањето се потпишаа дури во месец септември, се објавуваа огласи(најскапите мерки) кои траеја по неколку часа и строго беа резервирани за активисти и роднини на СДСМ.

Единствената вистина влегува во оние преостанатите 1.4% и е точен податок за процентот на реализацијата на парите од Оперативниот план и сте во мртва трка со Фондот за иновации.

“Искусната“ Мила Царовска, единствениот успех со кој може да се пофали е уништувањето на активната мерка практиканство, мерка која беше прогласена за најуспешна врз основа сериозна и професионално спроведена анализа (за жал единствена) за успешност на мерките на Агенција за вработување.

Со донесување на Законот за практиканство кој не донесе очекувани резултати, кој е надвор од рамките на системскиот Закон за работните односи и неусогласен со Законот за безбедност и здравје при работа, непотребно се уништува, најуспешната активна мерка „Практиканство“.

Мила Царовска не смее да зборува за реализација и успешност на мерките за вработување, кога ниту еднаш и од никого не е извршен надзор ниту било каква контрола над спроведување на мерките од Оперативниот план, освен административна, од канцеларија(одјава/пријава на корисници на активни мерки).

Директорката на Агенција за вработување Билјана Јовановска се фали за тимска работа и позитивна енергија а ниту еднаш не присуствувала на колегиум во министерството, од тројца овластени синдикални претставници во АВРМ, од двата синдикати кои постојат во Агенција за вработување им има изречено пет откази и едно распоредување, по препорака од Владата. За “позитивната“ енергија кај вработените во АВРМ ќе дознаваме дополнително, за сега знаеме само дека во Агенција се работат многу работи но не и имплементација на активните мерки и политики за вработување.

Младинска гаранција која исто така се спомна на прес конференцијата е нереална мерка и фикција, се користи за популистички пароли а во основа не постои, нема определено буџет, опфат на корисници, услови и слично. Едноставно секое младо лице кога ќе се пријави во Агенција за вработување, се евидентира како дел од младинска гаранција. Доколку истото лице се вработи кај било кој работодавец без да користи било каква мерка, повторно се евидентира и се прикажува како успешна приказна на Мила Царовска.

Обнова на Македонија ќе ја врати вистинската улога на институциите и ќе креира политики кои ќе бидат врз основа на сериозни анализи на пазарот на труд, мост помеѓу понудата и побарувачката. Ќе димензионира мерки врз основа на професионално профилирани и кариерно водени невработени лица со наменски насочени мерки кои ќе ја зголемат нивната вработливост и ќе ги направат атрактивни на пазарот на труд односно за работодавците.

МТСП и АВРМ ќе подржуваат единствено одржливи и долгорочни работни места со пристојни плати и услови за невработените лица.

Заев, Царовска и СДСМ се виновни за поразите, измамите и криминалите. На 12 април следува одговорност. Заев никогаш повеќе.

 

Коронавирус