среда, 2. декември 2020. Вести денес: 7
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ предлага финансиска самостојност и контрола на парите кои се даваат во обвинителството

ВМРО-ДПМНЕ предлага финансиска самостојност и контрола на парите кои се даваат во обвинителството

Предлогот на СДСМ предвидува финансиска независност само на новоформираното обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција. Дали тоа не е навреда за сите останати обвинители во државата. предлогот на ВМРО-ДПМНЕ е финансиска независност на целокупното државно обвинителство, од 0,8 до 1 процент од државниот буџет, секоја година да се одвојува за потребите на државното јавно обвинителство, истакна денеска Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-А државниот јавен обвинител почитувајќи го со устав загарантираниот принцип на вертикална субординација да врши реалокација согласно decision-making процесот внатре во рамките на државното јавно обвинителство и потребите на истото. Самите тие независно надвор од било какви политички влијанија да вршат приоритизација на случаите кои што ќе бидат предмет на нивна истрага, потенцираше Мицкоски.

Коронавирус