понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 18
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Пред да го заштити во „Рекет”, Русковска го штитела Заев и за очигледен изборен криминал

ВМРО-ДПМНЕ: Пред да го заштити во „Рекет”, Русковска го штитела Заев и за очигледен изборен криминал

Одработувањето за Зоран Заев и прикривањето на неговите криминали не се нови обврски во агендата на Вилма Русковска. Пред да го заштити во случајот “Рекет”, Русковска го штитела и за очигледен изборен криминал, документиран со посебни истражни мерки, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

-Вилма Русковска и натаму го штити Зоран Заев по секоја цена. Италијанскиот медиум Ла Верита вечера објави нови докази за криминалите на Зоран Заев, докази кои ги има обвинителството, но предметот за Заев и натаму се чува во фиока. Во таа фиока има докази за изборен поткуп, закани, уцени, притисоци кои го оневозможуваат со Устав загарантираното право на граѓаните слободно да ја изразат својата волја на избори, се наведува во партиското соопштение.

Од партијата посочуваат дека во обвинителството за организиран криминал има докази, ПИ мерки на кои се слуша гласот на аболицираниот Заев и неговиот брат Вице Заев како отворено говорат на телефон за злосторничкото здружување кое го имаат формирано, односно високо развиената мрежа за купување на гласови преку уцени и поткуп на гласачите.

-По фамозната снимка во која Зоран Заев бара евро за неговиот брат, сега гледаме како тој нуди од 10 до 25 евра од глас. Обвинителството мора да се ослободи од стегите на Зоран Заев. Предметот мора да се процесуира, бидејќи иднината на државата зависи од разрешницата на овие предмети на висока корупција. Низата на корупциски афери во кои се вмешани високи државни и партиски функционери на СДСМ, а кои немаат правна разрешница се аргумент повеќе за противниците на проширувањето на Унијата. Правда мора да има! По 12 април доаѓа обвновата на Македонија, обнова на правосудниот систем и враќање на правдата во Република Македонија, а тогаш ќе одговраат сите оние кои се огрешиле пред законот како и оние кои се ставија во одбрана на криминалот и корупцијата наместо да ги гонат сторителите, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус