понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 119
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Правосудствотое на колена, судиите се во грч и работат под политички притисок

ВМРО-ДПМНЕ: Правосудствотое на колена, судиите се во грч и работат под политички притисок

Правосудството во Република Македонија е на колена, а судиите се во грч и работат под политички притисок, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, споредбата како се водат случаите Поткуп и Тенк е најдобар доказ дека не постои правда, туку само политички нарачан прогон.

-Случајот Поткуп каде што првообвинет е Зоран Заев, кого цела јавност го виде дека од позиција на градоначалник бара едно евро за себе и едно евро за црквата, чека правна разрешница цели пет години. Обвинението е поднесено уште во 2013 година. Случајот Тенк кој што се базира на незаконски стекнати прислушкувани разговори и претпоставка дека Никола Груевски влијаел врз Јанкулоска да го поттикне Поповски да набавел блиндирано возило, е започнат четири години подоцна. Рочиштата во случајот Поткуп се одложуваа десетици пати и се развлекуваа со месеци и години, а за Тенк се закажуваа експресно и траат дури и по 12 часа, се вели во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека во случајот Поткуп сведокот го потврди кривичното дело и барањето поткуп. Потенцираат дека тој Кажа оти Заев му барал едно евро за Вице, едно евро за партијата и едно евро за црквата.

-Во случајот Тенк беа повикани околу 40 лица. 15 сведоци на СЈО и уште 20-тина на одбраната. Сите, без исклучок, сведочеа контра обвинителниот акт. Посочија дека претходните блиндирани возила не можеле да ги задоволат безбедноснитр потреби. Во Македонија законите не важат подеднакво за сите, а судиите судат според желба а не според докази и факти. Заеднички за двата спора е што завршуваат во исто време. Во неколку дена треба да биде изречена и пресудата за Зоран Заев и пресудата за случајот Тенк. Заеднички за двата предмети е што сите ги знаат однапред пресудите, а истите ги најави и самиот Заев. Медиумите веќе пишуваа и за наградата што треба да ја добие судијата Добрила Кацарска за одработената задача, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Велат дека тоа е разликата меѓу судството кое работело во „режим“ и ослободеното судство откако доjде живот.

-Криминалниот картел е недопирлив, а сите неистомисленици се потенцијални политички жртви. Оваа неправда мора да престане. Сите судски одлуки донесени врз притисок еден ден ќе бидат преиспитани, велат од партијата.

Коронавирус