среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 140
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Правдата ќе биде задоволена само тогаш кога судот ќе ги ослободи и останатите неосновано притворени патриоти

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека судовите и судиите се уште има можност да се ослободат од политичкиот притисок на СДСМ и да го спасат угледот и честа на самата институција која треба да дејствува независно од извршната власт.
ВМРО-ДПМНЕ: Правдата ќе биде задоволена само тогаш кога судот ќе ги ослободи и останатите неосновано притворени патриоти

Правдата ќе биде задоволена само тогаш кога судот ќе ги ослободи и останатите неосновано притворени патриоти кои без никакви аргументи веќе трет месец се држат во затвор, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Правната држава ќе почне да функционира само тогаш кога ќе бидат укинати и домашните притвори и кога ќе бидат отфрлени неоснованите обвиненија за тероризам. Судот мора да биде на висина на одговорноста што ја има и да утврди дека нема никаква правна основа да бидат задржани во истражен затвор и останатите притворени во врска со настаните од 27-ми април. Судот мора да стави крај на политички монтираните процеси против десетици патриоти. Притворените лица, не се терористи, туку жртви на еден недемократски, политички монтиран случај. Дурловски, Илиевски, Јовановски, Дамовски, Чавков, Божиновска, Мукоски, Тарчуловски, Пешевска и останатите не се терористи и не сториле терористички акт за да може да го повторат делото кое што им се става на товар. Тие ниту се обиделе, ниту пак имаат намера да се обидат да влијаат врз апсурдните обвиненија. Тие ниту се обиделе, ниту имаат причина зошто да се дадат во бегство. Притворите мора да бидат укинати за сите притворени лица, бидејќи мерката притвор не смее да се користи како начин на заплашување, замолчување, казна и тортура само поради тоа што некој имал храброст гласно да се спротистави на деструктивните политики на Зоран Заев, се наведува во партиското соопштение.

Коронавирус