сабота, 23. октомври 2021. Вести денес: 48
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Пратениците на СДСМ ги интересира само да им помине законот за марихуана на Заев за да му врви бизнисот на неговиот брат Вице

ВМРО-ДПМНЕ: Пратениците на СДСМ ги интересира само да им помине законот за марихуана на Заев за да му врви бизнисот на неговиот брат Вице

СДСМ не работи во корист на граѓаните. СДСМ продолжува да манипулира со граѓаните. Пратениците на СДСМ ги интересира само да им помине законот за марихуана на Заев за да му врви бизнисот на неговиот брат Вице, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ достави барање за дополнување на дневен ред за расправа на комисијата за труд и социјална работа со барање за доставување на информации околу несреќата во Тетово. Претседателот на комисијата иако го стави на дневен ред ова барање, СДСМ гласаше против, со што не прифати да се зборува за несреќата во Тетово.

-Пратеничката група на СДСМ постапи исто како Зоран Заев за кого несреќата е банална. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ откако ги исцрпи сите претходни механизми достави барање за формирање на анкетна комисија за случајот во Тетово.  Четири години владејачкото мнозинство не е ништо друго освен гласачка машина на СДСМ и Зоран Заев. Ништо друго не ги интересира. Едноставно што ги интересира се тендерите, провизиите и бизнис зделките. Срамно и лицемерно е СДСМ да се повикува на маките и барањата на работниците, а од друга страна четири години да ги лаже, манипулира и замајува. Заврши времето на лаги и манипулации, посочуваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачаа: „Дојде време народот да одговори и да каже што мисли за СДСМ“.

Локални избори 2021