четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 92
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ прашува: Колу тежи СДСМ Делчево, кога за потпишување пристапцини и состанок со Николовски изнајмуваат мултимедијален центар

ВМРО-ДПМНЕ прашува: Колу тежи СДСМ Делчево, кога за потпишување пристапцини и состанок со Николовски изнајмуваат мултимедијален центар

По јавното признание на претседателот на Општинската организација на СДСМ Делчево дека во понеделник на 08.02.2021 година поднеле барање и уплатиле пари за користење на салата на Мултимедијалниот центар во сопственост на општина Делчево која ја користеле претходниот ден за состанок со Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски и потпишување на пристапници на нивни членови, денеска на прес конференција од опозициската ВМРО-ДПМНЕ запрашаа:

-“Колку пари тежи општинската организација на СДСМ, Делчево и нивните функционери, штом за потпишување на три пристапници на нивни членови изнајмуваат ексклузивно јавен простор во сопственост на граѓаните на Делчево?”

Целата прес конференција на Потпретседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Делчево ја пренесуваме интегрално во продолжение:

“Почитувани присутни медиуми, драги делчевчани

Локалните политички поданици во Делчево на фабриката за лажни вести наречена Зоран Заев, зборуваат за лажни вести! Фатени со рацете во медот, побрзаа да релативизираат за да избегнат одговорност за нивните постапки на злоупотреба на институциите.

СДСМ Делчево во недела (7 ми февруари) си организираат партиски состанок во простории во сопственост на општината а во понеделник-наредниот ден на 8-ми февруари поднесуваат барање за користење на оваа просторија.

АЈДЕ БРЕ!,

-што би рекол нашиот народ, убедливи се во намерите, нема што!

И притоа мавтаат пред камери со уплатници од банка во обид за да ја замајуваат делчевската и македонската јавност. И тоа во петминутно четиво пред камери кое ни самите тие немаат време и трпение да го погледнат.

Јавно прашувам колку пари тежи општинската организација на СДСМ Делчево и нивните функционери, штом за потпишување на три пристапници на нивни членови изнајмуваат ексклузивно јавен простор во сопственост на граѓаните на Делчево?

Дали Општина Делчево и Градоначалникот Трајковски ќе овозможи на било кој друг граѓанин прво да ја искористи оваа сала за свои лични потреби а дури потоа да поднесе барање и да плати за користење на салата?

Дали ваквиот начин на управување со јавни простории е законски?

За ефектите од поставување на партиски симболи и иконографија во сала за венчавки во која треба да се овековечат најубавите моменти од животот на делчевчани, како и читална на најмладите оставам, на делчевската јавност да процени колку е тоа во функција на развој на вистинското граѓанско општество и демократските вредности.”

ЕУРО 2020

Македонија