петок, 14. мај 2021. Вести денес: 143
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Повторно трошки за стопанството со 6-тиот пакет мерки

ВМРО-ДПМНЕ: Повторно трошки за стопанството со 6-тиот пакет мерки

Шестиот пакет мерки на Заев и Бесими е задоцнет и мерките се ненаменски предвидени. Повторно трошки за стопанството, кој нема да им бидат од помош за излез од оваа криза, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Додека бизнис секторот и стопанството во Македонија мака мачат како да ја надминат КОВИД кризата, ни со овој пакет мерки нема бизнис секторот да ги покрие ни дел од загубите. Овој пакет, власта го има скроено со цел минимална санација од штетите кои се предизвикани од пандемијата, а не за обесштетување на фирмите. Најпогодените сектори, текстилната и кожарската индустрија, каде што изминатиот месец илјадници луѓе отидоа на принуден одмор и беа отпуштени од работа, власта со овие мерки за овие сектори, не предвидува поддршка. Исто така нема помош ниту за градежниците, рударската дејност, естрадните уметници, а нема мерки ниту за инвеститорите во индустриските зони, ниту за прехранбената индустрија. Мерките на СДСМ и Заев не го помагаат бизнисот и не отвораат нови работни места, дури не помагаат ни за задржување на актуелните вработени во фирмите. Криминалната власт на СДСМ и Заев нема соодветна фискална политика, нема намалување на даноците, при што не му помага на приватниот сектор, туку ги влошува состојбите. Наместо поддршка кон стопанството, мерките ќе ги претворат најкритичните економски сектори во најкритични социјални сектори, а последицата ќе биде технолошки вишок на вработени или КОВИД-19 стечајци. Ова е најнеспособната економска влада во Република Македонија. Секојдневно се затвораат фирми, стотици луѓе ги губат своите работни места, а криминалците од власта мислат само на тендери, криминал и лично богатење, истакнуваат од опозицијата.

Со Зоран Заев и СДСМ имаме само уназадување во економијата. Оваа власт на Заев не е насочена кон спас на економијата, власта на Заев е насочена кон лично богатење, корупција и криминал, додаваат од таму, додаваат од таму.

Коронавирус