среда, 30. септември 2020. Вести денес: 79
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ повика на сенароден протестен марш во Кичево

ВМРО-ДПМНЕ повика на сенароден протестен марш во Кичево

Општинската организација на ВМРО-ДПМНЕ Кичево повика на сенароден протестен марш во градот кој ќе се одржи утре со почеток од 13 часот.

-Секој нов ден значи нов пораз за Македонија и нејзините граѓани.Секој нов ден ни носи само нереализирани проекти, застој на капиталните инвестиции и распродажба на националните и државни интереси. На ваков начин, СДСМ ја навредува интелигенцијата на граѓаните и прави измислена поделба помеѓу нив, истакнаа од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кичево.

Тие нагласуваат дека ВМРО-ДПМНЕ уште од самото свое формирање ги има кажано своите определби за евроатлантски интеграции.

-Овој договор, што е сега склучен, нема да ја надомести штетата што се прави во севкупниот живот на граѓаните. Македонија не може да стане дел ниту од ЕУ, ниту од НАТО со вакво водење на државата Поради овие причини, ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани сплотено и заедно да присуствуваат на големиот сенароден протестен марш во недела со почеток од 13 часот кај автобуската станица, велат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кичево.

Коронавирус