вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 70
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Потребна е оставка од целата влада, не само на поединци од третиот ешалон

ВМРО-ДПМНЕ: Потребна е оставка од целата влада, не само на поединци од третиот ешалон

Оставка е потребна од целата влада, не само од поединци од третиот ешалон на власта, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека заменик министерот за здравство само го следи примерот на неговиот шеф Зоран Заев, кој моделот ,,едно евро за Вицето” го префрли од Струмица на ниво на цела Македонија.

-Наместо оставки од функционери од третиот ешалон на власта потребна е оставка од Зоран Заев, кој е единствениот аболициран премиер во Европа. Заев е главата на криминалниот октопод, кој е посочен во еден од исказите на жртвата во случајот Рекет, а уште не е повикан ниту на разговор. Оставка е потребна и од Драги Рашковски, кој е аудио документиран како мести тендер од 1.8 милиони евра. Оставка мора да има и од Јован Деспотовски, кој како директор на Фондот за иновации додели милионски грантови на фирми блиски до СДСМ. Оставка е потребна и од Венко Филипче, кој заедно со Ден Дончев е осомничен дека барале рекет од неколку милиони евра, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ,

Оставки се потребни од десетици други функционери како на централно, така и на локално ниво.
Зоран Заев и неговата криминогена влада мора да си заминат, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Со Заев Македонија само тапка во место. Со Заев Македонија нема иднина.