вторник, 19. октомври 2021. Вести денес: 179
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: После 4 години власт на Заев и СДСМ, Битиќи се фали со инвестиции од време на ВМРО-ДПМНЕ што покажува дека ништо не работат

ВМРО-ДПМНЕ: После 4 години власт на Заев и СДСМ, Битиќи се фали со инвестиции од време на ВМРО-ДПМНЕ што покажува дека ништо не работат

Вице премиерот Фатмир Битиќи во недостиг на инвестиции привлечени од страна на власта на Заев, се кити со туѓи перја и се снима пред инвестиции привлечени или отворени во време на владата на ВМРО-ДПМНЕ. Компанијата Хај-тек пред која се снима вице премиерот за економски прашања инвестираше уште во 2016 година, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Битиќи.

Ова само покажува дека во изминатите 4 години власт на мафијата на Заев не е привлечена ниту една посериосна странска или државна инвестиција.

Македонија е на дното во регионот по странски инвестиции далеку зад Србија, Бугарија и Албанија во 2019 година, уште пред да почне пандемијата со корона вирусот. Уште полоша е состојбата за првата половина од оваа година. Само во вториот квартал Македонија бележи одлив на директни инвестиции од 9,3 милиони евра. Дополнително за 4 години власт на мафијата на Заев државата има пад од 50 места на ранг листата на Фајнешл тајмс за привлекување на инвестиции.

Поради ваквата катастрофална економска политика за привлекување на инвестиции Битиќи мора да се слика и да се фали со компании кои инвестирале во времето на претходните влади на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа покажува дека ништо не работат, туку се посветени само на личното богатење и развој на бизнисите на кланот на власт, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести

Локални избори 2021