среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Поради огромниот дипломатски скандал треба оставка на двоецот Димитров – Османи

ВМРО-ДПМНЕ: Поради огромниот дипломатски скандал треба оставка на двоецот Димитров – Османи

Поради огромниот дипломатски скандал треба оставка на двоецот Димитров – Османи. Извлекувањето на ерменскиот тајкун од Ерменија е правено со употреба на многу ресурси и тоа не е изведено само од тројцата дипломати. Заев треба да каже како дипломатот Миленковски изнајмил авион и извлекол тајкун од Ерменија кој е брат на поранешен претседател и човек на лик Вице Заев? До сега не е забележано дипломати да можат да изнајмат приватен авион, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Очигледно е дека Миленковски и другите двајца дипломати се само извршители, а некој друг нарачател. Дали Заев го крие тој нарачател и дали тој е дел од власта? Сомнително е што Миленковски е близок човек до Виктор Димовски, шеф на АНБ. Заев мора да каже се користат ли државните ресурси за заштита на белосветски криминалци? Дополнителна индиција дека Заев нешто крие е фактот што пионите на Спасовски во МВР сокриле од Наќе Чулев секаков документ за случајот. Дали систематски е прикриван случајот Миленковски? Заев да почне да дава одговори. Ова се тешки скандали за државата за кои мора да има одговорност, порачуваат од партијата.

Локални избори 2021