четврток, 2. јули 2020. Вести денес: 240
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Поради неспособноста на СДСМ, Македонија урива рекорди на заразени од Ковид – 19 во регионот

ВМРО-ДПМНЕ: Поради неспособноста на СДСМ, Македонија урива рекорди на заразени од Ковид – 19 во регионот

СДСМ и Венко создадоа хаос во здравствениот систем. Додека тие се фалат дека ја победиле епидемијата, Македонија се наоѓа на врвот по заболени и умрени од корона вирусот во регионот. Република Македонија урива рекорди на заразени од Ковид – 19 во регионот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Филипче и СДСМ дека не можат да се справат со корона вирусот говори и фактот дека Кај нас досега се направени околу 25.000 тестирања што е три пати помалку во однос на Словенија која има 74.419, а Хрватска 61.482. Додека во регионот главна тема е справувањето со економските последици, во Македонија сеуште се бројат новозаболени лица, лица кои добиваат решенија за самоизолација  и изолација. Овој податок говори дека Владата предводена од СДСМ наместо да се фокусираат на здравствени мерки, гледа како да ја спаси политичката кариера на Зоран Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека се поочигледно е дека Филипче и СДСМ доживеаја фијаско во справувањето со корона вирусот.

-Со СДСМ и Заев единствено добивме хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија, порачуваат од партијата.

Парламентарни избори 2020