понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 85
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Поради Филипче, Клексан нема ни за лек!

ВМРО-ДПМНЕ: Поради Филипче, Клексан нема ни за лек!

Венко Филипче за десет месеци корона во Македонија стана синоним за недостаток на лекови, недостаток на терапија, немање на протоколи на лечење. Знае ли Филипче дека граѓаните кои се лекуваат во болнички услови, нивното семејство добива листа кои лекови треба да се купат и да се донесат за хоспитализираниот, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

– Сега има и лекови кои не може да ги набават ниту членовите на семејството, ги нема ниту да се купат.
Сега има недостиг на антикоагулантна терапија, или нема од познатиот Клексан, во јавните здравствени установи, на клиниките и болнците. Антикоагулантна терапија нема веќе ниту во аптеките. А станува збор за терапија кој е клучна за пациентите и не само оние заболени од корона, велат од партијата.

– Филипче и надлежните наместо уште на почетокот на корона кризата да воспостават целосна контрола на медикаментите, како и залихите со кои располагаат веледрогериите и аптеките, си ги тераа бизнисите.
Незаинтересираноста и неспособноста на Филипче ги остави граѓаните во битката со корона без антикоагулантна терапија која живот значи. Филипче ги втурна граѓаните антикоалгулантот Клексан да го бараат на црниот пазар.
За ваквата состојба директна одговорност сноси министерството за здравство и Филипче, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус