петок, 23. јули 2021. Вести денес: 165
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог за ограничување на овластувањата на Царовска, за да не може да го укине предметот историја- СДСМ избега од седница

ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог за ограничување на овластувањата на Царовска, за да не може да го укине предметот историја- СДСМ избега од седница

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков ја извести јавноста дека додека траела седницата на комисијата за образование, култура и спорт, по поднесувањето на предлог законот од страна на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на дискреционите овластувања на министерката Мила Царовска со кој ќе се спречи укинувањето на предметот историја, започнале притисоците и заканите за замолчување на опозиционите пратеници.

Лефков истакна дека седницата која што била закажана за 14ч требала да се одржи непречено, поради тоа што сите пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кои членуваат во комисијата биле присутни. Но, поради стравот и избегнувањето проблемите да се решаваат транспарентно пред очите на јавноста, седницата била одложена на само една минута пред нејзиниот почеток.

-Ова е срам за законодавниот дом и срам за власта која што го приватизира Собранието на Република Македонија и го користи за изживување како со останатите пратеници во Собранието, така и со граѓаните на Република Македонија, вели Лефков.

Конструкциите за блокада на работата е потпомогната и од претседателката на Комисијата за образование, наука и спорт, Жаклина Лазаревска која што свесно го крши деловник, законите и правилата за работа на пратениците во Собранието на Република Македонија. Ваквиот чин претставува узурпирање на јавните институции и злоупотреба на службената должност.

Наместо дијалог и дискутирање на важни теми поврзани со граѓаните и нивните проблеми, СДСМ демонстрира самоволие, притисоци, уцени и закани. Тоа не се вредности кои што треба да бидат синоним за законодавниот дом, тоа не се вредности кои што се рефлексија на едно општество за сите, како што тоа го нарекуваат пратениците од власта.

Пратениците во Собранието на Република Македонија се обврзани да работат во корист на граѓаните и да ги решаваат нивните проблеми, но за жал пратениците од власта не се однесуваат одговорно и наместо да работат во полза на граѓаните, му слугуваат на Зоран Заев, главниот уценувач и човекот кој ја уби слободата на говор во Република Македонија.

Коронавирус