четврток, 17. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Почина пациентка на ГАК каде директорува другарката на Зорица Заева, Филипче ниту гледа, ниту слуша

ВМРО-ДПМНЕ: Почина пациентка на ГАК каде директорува другарката на Зорица Заева, Филипче ниту гледа, ниту слуша

Почина 33 годишна родилка на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје со која директорува другарката на Зорица Заева, сопругата на Зоран Заев. Огромна лекарска грешка, пациентката починува, но се разбира како ништо да не се случило. Зошто? Затоа што таа е пријателка на жена му на Заев, а кога некој е пријател на фамилијата, пријател на Венко Филипче зборот одговорност не постои, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението на партијата се наведува дека директорката пак, Викторија Јовановска како да не знае да прави ништо друго освен грешки.

-На стартот на директорскиот мандат се „прослави“ со починати новороденчиња, а сега почнаа да и умираат родилки. За Филипче, Заев и нивната банда постои само бегање од лицето на правдата, заобиколување на законите. Но, ова не е прв, очигледен ни последен случај да се молчи и виновниците да не излезат пред лицето на правдата.Минатата година родилка од Дебар која замина во болница да се породи остана без три органи. Исто постапување или во превод одговорност нема. Има само игри во кои Филипче се обидува да ги скрие грешките на блиските со кои има исти интереси, а тие грешки чинат живот. Играта која започнува со формирање на комисии, повикување на надлежните служи само за замајување на јавноста, се наведува во партиското соопштение.

Комисиите и ниту една надлежна институција не може да го спаси Филипче од одговорност.

ЕУРО 2020

Македонија