среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 157
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Победата на СДСМ во Штип им е лажна како датумот за преговори! Прашањето е кого победија?!

ВМРО-ДПМНЕ: Победата на СДСМ во Штип им е лажна како датумот за преговори! Прашањето е кого победија?!

СДСМ вчера славеше лажна победа. Лажна, како што им е лажен датумот за преговори. СДСМ вчера ги спроведе најкриминалните избори до сега, а тој криминал го славеше Зоран Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението на партијата се наведува дека 27.500 граѓани не излегоа на гласање затоа што не се согласуваат со криминалот на Заев.

-Сашко Николов е победник за 400 гласа, но загуби Штип. Заев тераше болни од КОВИД да гласаат само за да ја задржи фотелјата. Многу лесно ги бележеше луѓето кои да излезат да гласаат. Еден глас достигна и до 200 евра. Уцени, закани, притисоци и масовен поткуп е печатот за вчерашните избори. Заев покажа дека тој не може да организира демократски избори. И покрај сето насилие. 2/3 од граѓаните на Штип не му дадоа легитимитет на Заев и СДСМ. 2/3 од граѓаните на Штип не се согласуваат со политиките на Заев. Избори со 1/3 од вкупниот број на гласачи се фарса. СДСМ нема легитимитет. Дополнително после со лажна прослава повторно го стави на коцка здравјето на граѓаните. Народот кажа дека не го сака Заев, се наведува во партиското соопштение.

Најнови вести

Локални избори 2021