сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 54
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: По принципот на бесплатно рушење кај Мавровка, бараме владата да ги сруши дивоградбите на Кале, Матка и во Охрид, во спротивно докажува дека прави крими театар

ВМРО-ДПМНЕ: По принципот на бесплатно рушење кај Мавровка, бараме владата да ги сруши дивоградбите на Кале, Матка и во Охрид, во спротивно докажува дека прави крими театар

Кога веќе владата го откри идентитетот на инвеститорот на дивоградбата во Мавровка која се изгради во нивно време, и се понуди бесплатно да ја сруши, тогаш по истиот принцип ВМРО-ДПМНЕ бара Владата бесплатно да ги сруши и следниве дивоградби:

  1. Дивоградбата на дивата платформа на Матка
  2. Дивоградбата во близина на Скопското Кале кај касарната Илинден
  3. Дивоградбата на Нефи и летната тараса кај охридскиот Чинар
  4. Дивоградбите по долж на охридското крајбрежје.

-Доколку не го направи ова владата покажува дека сето ова е евтин театар. Затоа сметаме дека крими-тендерашката власт на Заев се обидува да направи театар со дивоградбата кај Мавровка. Вистината е дека токму оваа иста старо-нова власт дозволи дивоградбата да никне на едно од најфрекфрентните места во Скопје, па со месеци се натегаа чија надлежност е, па бараа преку платени огласи кој е инвеститорот, за сега наводно да поднесуваат кривична пријава и да најавуваат рушење. Сето ова граѓаните ги чинеше и ќе ги чини пари, како преку циркусот со огласи во весници, така и преку рушењето со народни пари. Тешко на таа држава во која Владата мора вакви драмолетки да прави од нешт кое не смеело ниту да се појави, велат од партијата.

Од таму додаваат дека смешна е кривичната пријава од страна на Јавното обвинителство откако дозволија да се изгради. Па оттука логично се поставува прашањето како и кога се дознал идентитетот на сопственикот на дивоградбата кај Мавровка? Дали ЈО знаело за ова и зошто чекало толку време? Дали Зоран Заев е вмешан во ова и дали поради откажување на непослушност од страна на сопственикот на објектот, Заев го откри сторителот?

-Што друго да се очекува од влада-дивоградба на која личното богатење, корупцијата и криминалот и се главната одлика, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус