среда, 24. јули 2019. Вести денес: 55
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: По менување на името, идентитетот Зоран Заев посегна и преку пописот да изврши целосно редефинирање на Република Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: По менување на името, идентитетот Зоран Заев посегна и преку пописот да изврши целосно редефинирање на Република Македонија

Зоран Заев се пазари на штета на Македонија и сите граѓани кои живеат во земјава, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-По менување на името, идентитетот Зоран Заев посегна и преку пописот да изврши целосно редефинирање на Република Македонија. Аболицираниот Заев без консултации со опозицијата турка попис со матични броеви, спротивно на препораките на Еуростат. Аболицираниот Заев и неговата криминална банда треба да разберат  дека пописот е статистичка, а не политичка операција, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека овој процес кој насилно се турка нема да ја прикаже реалната бројка на население кое живее во нашата држава. Со пописот Заев се обидува да изврши манипулација со бројката на жители во Македонија за да врати дел од хипотеките кои ги должи за да дојде на власт без поддршка од народот.

-Попис е статистичка операција која што треба да служи за реално планирање на политиките во државата. ВМРО-ДПМНЕ го повикува Зоран Заев да се откаже од овој попис навреме, за да не ја доживее истата судбина како неуспешниот референдум.  И да започне попис според препораките на Еуростат, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.