среда, 5. август 2020. Вести денес: 122
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: По АСУЦ ,,Боро Петрушевски” и СУГС ,,Лазар Танев” уште колку незаконски директори ќе назначи Шилегов?

ВМРО-ДПМНЕ: По АСУЦ ,,Боро Петрушевски” и СУГС ,,Лазар Танев” уште колку незаконски директори ќе назначи Шилегов?

Владата во заминување предводена од СДСМ и Зоран Заев за да се одржи што повеќе на власт на коалиционите партнери им дава сѐ што ќе побараат правејќи прекршоци без преседан. Комисијата за образование и наука започна со посочување примери во образовниот систем каде тоа е недопустливо, но за власта на Заев е секојдневие да се прекршуваат законите.

Во СУГС „Лазар Танев“ во Скопје иако има дури тројца наставници со лиценци за директор (според евиденцијата од Државниот испитен центар) за в.д. директор поставена е Слаѓана Трпкова-Салтирова која е без лиценца за директор. Тоа е незаконско назначување спротивно од член 91, став 2 од Законот за Средно образование. Непотизмот царува во владината коалиција и во образованието затоа што в.д. директорката е прва братучеда на директорката на Централен регистар на Македонија, Марија Бошковска-Јанковски.

Дали затоа што е предлог на НСДП, иако сѐ уште е без лиценца добива уште еден незаконски мандат од шест месеци за да се стекне со лиценца?
Зошто градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов и директорот на Државниот просветен инспекторат, Томе Спировски како надлежни не постапуваат?
Дали свесно згрешил Шилегов што заборавил и на другите членови на Законот за средно образование и по третпат на незаконски начин дава ново решение за в.д. директор до именувањето на нов директор?
Шилегов иако знае што се случува во ова училиште што прави и зошто не презема ништо?
Зошто мора да трпат штета учениците, родителите и сите вработени?
По АСУЦ ,,Боро Петрушевски” и СУГС ,,Лазар Танев” уште колку незаконски директори ќе назначи Шилегов?
Дали ова е правиот пат и правната држава на Шилегов и Заев?

Власта на СДСМ и Заев работи на штета на квалитетот на образованието за кој само декларативно се залага.

Комисија за образование и наука на ВМРО – ДПМНЕ

Коронавирус