вторник, 9. март 2021. Вести денес: 19
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски повторно покажа дека е вазал на Зоран Заев

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски повторно покажа дека е вазал на Зоран Заев

Пендаровски повторно покажа дека е вазал на Зоран Заев, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Стево Пендаровски никако да испадне од сенката на криминалецот Зоран Заев, потпишувајќи го указот на законот за попис се стави во целосна заштита. Многу добро знае потрчкото на Зоран Заев, Стево Пендаровски дека овој закон за попис и оваа операција, е политичка операција, а не статистичка. Тој пред само еден месец бараше целосен консензус околу законот за попис и сега самиот тој се посипа со пепел. Знае Стево дека оваа криминална власт целосно ја игнорираше опозицијата при процесот на изготвување и носење на законот за попис, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека власта не прифати ниту еден амандман на опозиција, на брутален начин го злоупотреби европското знаменце, не сакаше да се воведат терминали за отисок на прст, а исто така знае Стево дека нема време да се спроведе овој попис.

-Дали Стево Пендаровски како претседател на Македонија му е грижа за здравјето на граѓаните? Во време на кризна состојба заради епидемијата со КОВИД-19, Стево потпиша указ на закон за попис. Па нели беше загрижен Стево пред само неколку недели за здравјето на граѓаните. Гледа ли Стево Пендаровски дека десетици држави во Европа ја откажаа ова статистичка операција. ВМРО-ДПМНЕ е за попис на населението и домаќинствата, но не ваква политичка операција која нема да ги даде реалните резултати од овој процес. Покрај Зоран Заев одговорност ќе понесе и Стево Пендаровски за пропаѓање на пописот, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус