недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Парите за референдумска кампања, СДСМ да ги пренамени во полза на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Парите за референдумска кампања, СДСМ да ги пренамени во полза на граѓаните

Расипништвото на СДСМ нема крај. Наместо инвестиции во проекти и инфраструктура власта на Заев се луксузира и троши милиони на непродуктивни работи. Повеќе од една година се е во застој, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-ВМРО-ДПМНЕ порачува владата наместо 1 милион и 300 илјади евра да фрли за промоција на капитулантскиот договор за  промена на името, парите да ги пренамени за изградба на училиштето Кирил Пејчиновиќ во Тетово.  670 – те илјада евра кои власта планира да ги потроши за набавка на цвеќиња, што е неосновано и непродуктивно нека ги даде за набавка на болнички возила и со нив нека купи 15 -тина болнички возила. Наместо за луксузирање и набавка на кафе во износ од цели 55 илјади евра  од страна на владата и градот Скопје парите да се пренаменат за поправка на некоја градинка. Со парите кои беа фрлени и безмилосно потрошени за прослава на капитулантскиот договор можеше да се изгради 15 тина километри водоводна мрежа, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат за 350 илјади евра истрошени за набавка на мебел во МЕПСО и велат дека можеа да се пренаменат за набавка на 3 мамографи за болниците низ државата.

-Власта наместо да троши пари на луксуз треба инвестира во проекти од кои граѓаните ќе имаат реален бенефит. Власта во изминативе повеќе од година дена покажа само расипништво и е пример за тоа како не треба да се води државата. СДСМ треба  да си замине. Република Македонија не смее да продолжи да тоне, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус