недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 74
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Парите на тутунарите одат за Макпетрол, олигархот Заев ги извиси земјоделците

ВМРО-ДПМНЕ: Парите на тутунарите одат за Макпетрол, олигархот Заев ги извиси земјоделците

Парите на тутунарите одат за Макпетрол, олигархот Заев ги извиси тутунарите. Зоран Заев се уште нема решение за ниската цена на тутунот поради која е загрозена егзистенцијата на илјадници семејства, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека една недела откако вети дека ќе се реши проблемот, проблемот не е решен.

-Откупната цена на килограм тутун е колку една кутија цигари. Не се исплати ниту трудот и трошоците за производство, тутунарите се во минус, а егзистенцијата им е загрозена. ВМРО-ДПМНЕ предложи, власта да престане да игнорира и да изврши зголемување на субвенцијата за килограм предаден тутун за 100 проценти. Тутунарите не смее да бидат оставени на цедило. Голготата низ која поминуваат е резултат на бизнис интересот на Заеви поради кои се дозволи увоз на тутун во Македонија и падна цената на тутунот.
Тутунарите не смеат да бидат жртва на бизнис интересот на Заеви и токму затоа бараме веднаш да се пристапи кон помош.  Зоран Заев и власта треба да бидат свесни дека за ова и за сите други неправди кои им ги имаат причимато на земјоделците, но и на граѓаните воопшто ќе одговараат, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус