понеделник, 17. февруари 2020. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Ова се фактите кои го одбележаа денот

ВМРО-ДПМНЕ: Ова се фактите кои го одбележаа денот

ВМРО-ДПМНЕобјавува факти кои го одбележаа денот:

  1. Вработена во судска полиција во Кривичниот суд во Скопје по вербалниот напад доживеан од советникот на Зоран Заев и вработен во судот како шеф на одделението за човечки ресурси Горан Стаменковски доби отказ.
  2. Во Виница вработување добивале само роднини на раководството на СДСМ.
  3. Шекеринска овозможила бонбона бизнис од 1 милион и 600 илјади евра за фирмата поврзана со Кочо Анѓушев.
  4. Бројот на родени во третиот квартал за 2019-та е намален за 7,4 %, а неисполнетите ветувања „За живот“ ја празнат Македонија.
  5. Земјоделците од Орман три години не можат да ги обработуваат нивите поради каналот за наводнување кој е нефункционален.
  6. Скопје е повторно помеѓу најзагадени главни градови во светот.