недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 29
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Откако се наполнија клиниките со заболени луѓе кои имаат респираторни проблеми, Филипче реши да се разбуди од зимскиот сон

ВМРО-ДПМНЕ: Откако се наполнија клиниките со заболени луѓе кои имаат респираторни проблеми, Филипче реши да се разбуди од зимскиот сон

Филипче по месец дена, и по толку апелирање на граѓаните дека е загаден воздух реши да воведе превентивни мерки, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

-Откако се наполнија клиниките со заболени луѓе кои имаат респираторни проблеми, Филипче реши да се разбуди од зимскиот сон. Додека Клиниката „Козле“ се повеќе се полни со болни деца поради загадениот воздух Филипче се јави. Не испушти прилика и да се пофали на својата прес конференција со смешната мерка за доделување на маски на загрозените лица.н Наместо празни ветувања и работи кои што не можат да го спречат загадувањето и да ја намалат штетата од истото за граѓаните, Филипче треба  да ги примени мерките за спречување на енормното загадување на воздухот предложени од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

  1. Да се овозможи целосна бесплатна здравствена заштита, на граѓаните, посебно на децата и хронично болните, за кои е констатирано дека причината е загадувањето.
  2. Да се започне во 2019 година со градба на секундарната гасификациона мрежа, паралелно со примарната.
  3. Да се врши редовна контрола од надлежните инспекциски служби на котлите за горење и оџаците.
  4. Во услови на загаденост над Мерните дозволени концентрации, во тек над 7 последователни дена, да се овозможи бесплатен градски превоз, додека трае загадувањето.

Од партијата додаваат дека дел од тие мерки да примени за доброто на граѓаните.

-Филипче преставува карцином на македонското здравство. Филипче и неговите блиски освен богатење и полнење џебови со пари друго ништо не прават. Време е Филипче да си оди од здравството, бидејќи граѓаните заслужуваат поквалитетно здравство и услуги. Ова црнило од македонското здравство треба што побргу да се отстрани за подобро на граѓаните на Република Македонија, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус