среда, 3. март 2021. Вести денес: 175
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Откако на пензионерите им одземаа по 2800 денари намалувајќи им ги пензиите, сега лажат дека ги зголемиле за 130 денари

ВМРО-ДПМНЕ: Откако на пензионерите им одземаа по 2800 денари намалувајќи им ги пензиите, сега лажат дека ги зголемиле за 130 денари

Откако на пензионерите им одземаа по 2800 денари намалувајќи им ги пензиите, сега лажат дека ги зголемиле за 130 денари, ова денеска преку соопштение го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-На лагите на СДСМ дефинитивно им нема крај. Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, повторно со ноторни лаги и манипулации кон највозрасната категорија на граѓани. Таа всушност најави зголемување на минималната пензија за 134 денари месечно, додека за просечната 185 денари месечно, што не е вистина и напротив ја навредува интелигенцијата на граѓаните. Ова е доказ дека СДСМ наместо чесни и силни кадри, ги користи и оние малкуте кои останаа и ги распределува да работат нешто кое што и самите не го разбираат. Зголемувањето на пензиите кое што тие го најавуваат не е реалност, поради тоа што во овој момент износот на пензиите континуирано опаѓаат, а не растат. Законското усогласување на пензиите е обврска која се прави двапати годишно и е рефлексија на порастот на месечните животни трошоци од минатата година и истото не влијае на подобрување на животниот стандард на пензионерите во годината што следува, туку е само делумен обид за ублажување падот на нивнот животен стандард, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека министерката Шахпаска треба да знае дека оние пропишани вредности во однос на просечната плата веќе не влегуваат во пресметките на пензиите, па затоа и растот на пензиите не може да ги достигне порастите кои што СДСМ смета дека може да се случат. За потсетување, Шахпаска треба да знае дека да останеше вториот столб со кој што се следеше растот на просечната плата во Македонија, сега пензионерите со овие четири нивелирања на пензиите ќе имаа за најмалку  2.800 денари повисоки пензии. Но наместо нив, СДСМ се пофали со раст од 134, односно просечни 185 денари по пензија.

-На граѓаните им е кристално јасно дека од СДСМ не можат да очекуваат подобрување на животниот стандард од ниеден аспект, бидејќи фактите говорат дека секогаш кога СДСМ е на власт, удира по џебот на граѓаните, а граѓаните се соочуваат со сиромаштија. За ваквите ноторни лаги и манипулации, ВМРО-ДПМНЕ искажува револт и неверување со какви се методи се служи СДСМ, само да купат ден повеќе. На ваквите политики бргу ќе им дојде крајот, бидејќи граѓаните на Република Македонија сакаат просперитетна и стабилна земја, а не земја на лаги, манипулации и криминал, потенцираат од партијата.

Коронавирус