понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 28
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ оптимисти дека ќе формираат мнозинство: „Победивме во 41 општина“!

ВМРО-ДПМНЕ оптимисти дека ќе формираат мнозинство: „Победивме во 41 општина“!

Народот се определи за промени и за тоа дека живееме во реалност која е тешка и мачна за граѓаните. Има еден непобитен факт, таа мачна и тешка реалност донесе апатија и разочараност на граѓаните од политиката, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вчерашната прес-конференција одржана по предвремени парламентарни избори.

Тој посочи дека важно е што во Македонија расположението е опозициско, а резултатите покажуваат дека опозицијата освои повеќе гласови од власта. А, ВМРО-ДПМНЕ без Беса во редовите на СДСМ освои повеќе пратенички мандати.

-ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ победија во 41 општина. ВМРО-ДПМНЕ заедно со Коалицијата победи во Скопје, победи во Ѓорче Петров, во Бутел, Гази Баба, Аеродром, Кисела Вода, Сопиште, Петровец, Илинден, победивме во Македонски Брод, во Велес, Карбинци, Виница, Кратово, Зелениково, Македонска Каменица, Зрновце, Пробиштип, Пехчево. Победивме во Свети Николе, Штип, Чешиново – Облешево. Победивме во Босилово, Гевгелија, Градско, Демир Капија, Василево, Росоман, Кавадарци, Кривогаштани, Могила, Неготино. Победивме во Прилеп, во Вевчани, Дебарца, Охрид, Струга, Демир Хисар, Кичево, Брвеница и Јегуновце. Овој резултат е постигнат во едни тешки околности, силни притисоци, и бројни нерегуларности. Власта спроведе масовен, масовен поткуп. Денес сајтот на Државната изборна комисија не работи. А, добиваме различни информации дека сомнително се броени и изнесувани податоците, нагласи Мицкоски.

Се огласи и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

„Тргнавме со негативни анкети од сите страни, но со многу труд, работа и посветеност успеавме да победиме во изборната единица 2“, пишува на својата Фејсбук страница носителот на листата во ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.

„Со целиот изборен фалсификат, енормниот поткуп од владеачката партија, незаконските асфалтирања во тек на кампања во сите населени места, градење на диво канализации и огромни заплашувања од целата листа на Сдсм на чело со премиерот на државата и сите репресивни органи и институции на власта, сепак успеавме да ги победиме!

Јас никогаш нема да го прифатам овој резултат затоа што не ја одликува реалноста и сме сведоци на најголемиот фалсификат во историјата.

Но, за мене е важна поддршката од сите граѓани што ни ја дадоа и веруваа во нас и тоа е мојата водилка за борбата секогаш да ја продолжиме.

Благодарност до секој еден комитет и член на Вмро Дпмне што беше рамо до рамо со мене, благодарност за секој еден што ни ја отвори вратата и што не прими во дворовите и пред зградите, благодарност за моите сопартијци што беа со мене во најтешкото време и никогаш не потклекнаа на ништо, благодарност за сите граѓани што не поддржаа и затоа имајќи ги овие луѓе до себе, најмногу вреди да продолжиме да се бориме за Македонија и за ВМРО-ДПМНЕ“.

Игор Јанушев кој беше носител во ИЕ 3 потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ победи во 41 општина, тоа е резултат со кој треба да се гордееме, Македонија гласно си ја искажа волјата.

„Ви благодарам за посветеноста, несебичниот труд што го вложивте во оваа борба за Македонија. Благодарност до секој еден што го даде гласот за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Обнова на Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ победи во 41 општина, тоа е резултат со кој треба да се гордееме. Македонија гласно си ја искажа волјата.

Сајтот на Државната изборна комисија не работи, а гласовите сомнително се броени. Власта со поткуп освои многу гласови.

Но, и покрај сите нерегуларности, ВМРО-ДПМНЕ останува најголемата политичка сила во Македонија.

Да сте живи и здрави, да ни е вечна Македонија“-порача тој.

Коронавирус