среда, 22. мај 2019. Вести денес: 5
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ ОК ВЕЛЕС: Пред споменикот на Рацин луѓето од власта го бараат гласот на велешани, а истите тие со своите постапки го негираа неговото дело

ВМРО-ДПМНЕ ОК ВЕЛЕС: Пред споменикот на Рацин луѓето од власта го бараат гласот на велешани, а истите тие со своите постапки го негираа неговото дело

Вчерашниот настан има само едно име дволичност. Без срам, вчера од пред ова место споменикот на основоположникот на современата македонска поезија Коста Солев Рацин се одржа прес- конференција на кандидатот за Претседател на Р. Македонија на СДС и Коалицијата, Стево Пендаровски, ова денеска го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Велес.

-Човекот чија Влада и министерство за некултура не доделија ни денар за одржување на културната манифестација Рацинови средби, си дава за право да застане на прес конференција токму пред споменикот на Великанот кого не го почитуваат и не му се ни до колена. Тој истиот Стево Пендаровски кој својот народ го нарече стока, вчера од овде лицемерно го побара гласот на истиот тој народ без трошка срам. Токму овде пред споменикот на Рацин, овие луѓе од власта го бараат гласот на Велешани стоејќи пред истиот ,истите тие ,кој со своите постапки го негираат неговото дело односно згаснуваат една традиција која со години го одбележува неговото постоење. Не доделувањето на средства за одржување на манифестацијата Рацинови средби е само доказ за тоа, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Велес.

Од партијата додаваат дека што е најлошо од се, Пендаровски зборуваше пред споменикот на македонскиот партизан, борецот за слободна и независна Македонија кој загина под сомнителни околности.

-Иронија и коинциденција од луѓе, чии продолжувачи на делото се токму оние кои стојат зад кандидатурата на Пендаровски. Ако не е смешно, тогаш ќе е жално ! Ако не е вистинито, ќе мислиме дека е грешка.  Г-Дине Пендаровски на 21 април Велешани ќе кажат не за Вас и не само затоа што не му се поклонивте достоинствено и искрено на делото на Рацин, туку и за попречувањето на многу традиционални настани од Вашата Власт. Господа од СДС велешани од секогаш низ историјата се бореле и ќе се борат за зачувување на националните интереси на Р.МАКЕДОНИЈА и затоа вашите грешни национални политики жестоко ќе ги казнат на претстојните претседателски избори,  истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Велес.