среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 162
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ ОК Велес: Хаосот во ПОУ „Маца Овчарова“ трае со години

ВМРО-ДПМНЕ ОК Велес: Хаосот во ПОУ „Маца Овчарова“ трае со години

Веќе трета учебна година во Посебното основно училиште со ученички дом „Маца Овчарова“ од нашиот град, раководи директорката Лена Гаданец. Со доаѓањето на оваа функција по трет пат во 2017 г, односот во раководењето со училиштето и вработените е непрофесионално и арогантно и пред се нестручно – реагираат вработените и родителите на дечињата кои го посетуваат училиштето, ова денеска преку соопштение го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Велес.

-Во училиште во кое секој специјален едукатори – дефектолог треба да работи со позитивна енергија, смирен, релаксиран, за да се препушти во работата со децата со ментален хендикеп, се случува токму спротивното. После дневна доза на притисок од страна на директорот, колективно или поединечно во нејзината канцеларија, со нарушена емоционална состојба, наставниците треба да реализираат настава.

Како државно основно училиште за кое е надлежен министерот за образование и наука, прашуваме:

● Дали директорката Лена Гаданец е дефицитарен кадар со неполни 67 години сеуште да раководи со училиштето. Имено според член 5 од Законот за измени и дополнувања на Законот за работни односи, и член 104 од Законот за работни односи, во кој се утврдени условите за продолжување на работниот однос по исполнување на условите за пензионирање, се утврдува дека за лица од женски род, рокот на продолжување може да биде до навршување на 65 години старост, односно за мажи до 67 години. Таа во месец март наполни 66 години…

● Од кои причини и дали министерот и ги потпишува изјавите за продолжување на работење на директорката Лена Гаданец и по многуте претставки и реакции како од родителите, така и од вработените;

● Дали е запознато Министерството за образование и наука, дека за време на претседателската кампања, училишното комбе директорката дозволи да се користи за партиски потреби, а личен превоз секогаш кога има потреба, наместо да го користат учениците за кое МОН наменски го има купено. За истата злоупотреба ние реагиравме како партија, но никој не понесе одговорност.

● Кој и дозволи на директорката Лена Гаданец да ја користи училишната кујна за подготвување на оброци за друго локално училиште; дали училиштето има регистрирано посебна фирма за давање на услуги; на кој начин ја набавувала храната; на која сметка се стасани парите од услугата за исхрана и дали и како и платила данок на државата за учебната 2018/2019год;

● Зошто Државниот просветен инспекторат ги премолчува неправилностите во раководењето на директорката Лена Гаданец, и покрај неколкуте претставки поднесени за неправилното работење.

● Се повикува ДПИ да утврди дали директорот се става над Законот за основно образование и прима деца во продолжен престој во предметна настава за која нема согласност.

● Исто така, Лена Гаданец зема менторски додаток, со што директно го прекршува член 85 став 7 од Законот за основно образование каде што децидно е наведено дека директор не смее да биде ментор на приправник додека ја обавува директорската функција.

Повикуваме, сите надлежни институции по допрен глас да ги испитаат сите овие неправилности во Посебното основно училиште со ученички дом „Маца Овчарова“ од Велес, а Министерството за образование и наука да изнајде решение за хаосот предизвикан од директорката Лена Гаданец.

Почитувани, ако ова е животот што го ветуваа, ако овие „млади” 67-годишни кадри продолжат да ни го диктираат функционирањето на општеството не ни се пишува добро, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Велес.

Најнови вести

Коронавирус